Дома

 ПРОТЕСТ НА 14. НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

 Последните измени во Законот за работни односи со кои дополнително се скратуваат правата на работниците, потребата од донесување на закон за минимална плата, целосно решение на сите стечајни работници со над 25 години работен стаж, како и изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со што ќе се врати старото решение - работниот стаж да биде услов за пенизонирање, се главните причини поради кои Сојузот на синдикатите на Македонија организира масовен протест на 14. ноември годинава. Овој генерален протест следува по минатонеделните протести во шест градови на Републиката.

СИЕР го повикува своето членство да земе масовно учество на протестот што ќе се одржи во 19.00 часотна Плоштадот Пела во Скопје.


ПРВОМАЈСКИ ПРОТЕСТ

Причини за незадоволство

Нашиот ден - Денот на трудот, осакатен за традицоналните работнички излети, годинава има безброј причини за протест. Како никогаш до сега, како синдикалци и работници, па и како граѓани, да излеземе и да им кажеме на власта и работодавачите дека условите во кои работиме се далеку под меѓународните и европските норми!
Во оваа држава која претендира да стане дел од европското семејство на демократски и социјални држави, социјалниот дијалог, едноставно - не функционира. Формалниот приод од страна на власта кон еден клучен инструмент за социјална хармонија, која обезбедува економски напредок, продолжува и понатаму. Синдикатите, како работ
нички претставници, не ретко се користат за зголемување на политичкиот рејтинг и за политички пресметки.
За дел од работодавачите, пак, сeуште сме организација што не им треба во битката за поголем профит и груба експлоатација на оние кои им го создаваат. Седнуваат на маса и преговараат само кога се принудени, а многу се ретки, иако ги има во сe поголем број, кои знаат дека баланс меѓу трудот и капиталот мора да има и Синдикатот го сметаат за умен и неопходен противник.
Да побараме токму такви работодавачи на овој Први мај и отворено да предупредиме дека економските и социјалните прашања на граѓаните се темелот на државата. Критиките што доаѓаат од меѓународната заедница се погласно упатуваат на непримена на европските директиви од оваа сфера и на неефикасен социјален дојалог.
Синдикалната битка е тешка и долготрајна и мораме да ја продолжиме без оглед на сите напади. На Први мај да бидеме што побројни и погласни! Не само за нас, туку и за генерациите што доаѓаат! Одговорноста е наша!

Протестот ќе започне на 1. мај во 11.00 часот пред зградата на ССМ.


ОБУКА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Акцент врз претставниците на вработените

Советот на СИЕР усвои Програма според која наскоро започнува обука за избраните претставници на работниците за безбедност и здравје

Заштитата при работа за СИЕР е клучна активност во обезбедувањето на соодветна заштита на членовите преку доследна примена на новиот Закон за безбедност и здравје при работа. Оттаму, веднаш по усвојувањето на новиот Закон, СИЕР обезбеди примероци од него што ги достави до сите синдикални организации. Воедно, посебните правилници, како и самиот Закон беа објавени во нашето синдикално гласило, а и понатаму ќе бидат објавувани како што ќе бидат донесувани од страна на Министерството за труд и социјална политика. Со тоа сакаме да обезбедиме целосна информираност на синдикалните претставници и членството.
Од друга страна, Советот на СИЕР формира комисија за спроведување обука на претставниците на работниците, а на последната седница на Советот усвоена е и првична програма за нивна обука во текот на 2008 година. Во 83-те синдикални организации на СИЕР во тек е избор на најмалку 104 претставници на работниците согласно Законот. Тие треба да се обучат за своите права и обврски и начинот на извршување на функцијата -претставник на работниците за здравје и безбедност при работа.
СИЕР планира долгорочна синдикална обука по прашање на здравје и безбедност при работа. Предложениот проект е првата фаза што треба да се спроведе во 2008 година, во облик на почетна обука.
Предвидени се четири семинари во определени региони. Учесниците ќе бидат во можност да се запознаат со правата и обврските на претставникот на работниците за здравје и безбедност при работа, согласно Законот; со обврските на работодавачот; актите кои треба да се донесат на ниво на работодавач и нивната содржина; надлежноста на инспекцијата на трудот по прашања на безбедност и здравје при работа. Со тоа, учесниците ќе бидат во можност успешно да ја остварат улогата на претставник на работниците за здравје и безбедност при работа.


ОЦЕНКИ ЗА РАБОТАТА НА СИЕР ВО МИНАТАТА ГОДИНА

Активно во заштитата на членството

На последните две седници Советот на СИЕР расправаше и усвои извештаи за работењето на СИЕР и од аспект на реализирани активности и од аспект на финансиското работење. Членовите на Советот оценија дека уште една тешка транзициска година е надмината со огромни напори да се заштити членството и да се почитуваат и зголемат правата од работен однос, како и да се зачуваат што повеќе работни места. Имено, за дел од работодавачите трошоците за вработените се преголеми и настојуваат да штедат преку прогласување технолошки вишок. СИЕР енергично се спротивставува и ги оспорува ваквите најави, притоа обезбедувајќи максимални права доколку не може да биде избегнато намалувањето на вработените.
>>повеке


 

 

ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ИЦЕМ НА СИЕР

Поддршка за регионализацијата

Идната соработка со членките на ИЦЕМ од Македонија ќе се фокусира на модернизирање на синдикатите преку јакнење на нивните организациски и кадровски капацитети

Долгогодишната успешна соработка на проекти со петте синдикати - членки од Македобија на оваа меѓународна федерација резултираше со посета на четиричлена делегација предводена од Мато Лалиќ, координатор на проектот за образование за Југоисточна Европа на ИЦЕМ-ИУФ. Делегацијата ја сочинуваа Клаус Језолаг, секретар на Претседателството на Синдикатот за прехрамбена индустрија и угостителство на Германија, Михаел Волтерс од меѓународнолто одделение за Европа на Синдикатот за енергија, хемија и рударство, исто така, од Германија, како и Јаќим Милуновиќ, помошник на Мато Лалиќ задолжен за образование, а воедно и едукатор.


СОВЕТ НА СИЕР

Иницијатива за предупредувачки штрајк

Расправа за оваа иницијатива се одвива во сите синдикални организации кои мислењето на членството треба да го достават до СИЕР најдоцна до 15. април годинава. Доколку се добие позитивно мислење од најголем дел синдикални организации, ќе се одреди начинот и терминот за штрајкот

>>Повеке


ВЕСТИ ОД СИНДИКАЛНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

 

“Силмак” - Јегуновце

 Она што им се случуваше минатата година на вработените во овој Комбинат, а што се повтори и годинава, навистина никој не го заслужува. Минатата година со протест успеаја да ги поттикнат газдите и “МЕПСО” да се договорат околу испорака на електрична енергија,м а годинава, поради новиот начин на снабдување со струја на големите, кфалификувани потрошувачи, меѓу кои е и “Силмак”, вработените добија отказни решенија!
Поради нерентабилната цена која им беше понудена неколку пати од главниот државен снабдувач и скапата увозна струја кои сами ја купуваат, на газдите “лесно” им беше да ги згаснат печките и да ги отпуштат вработените, како што во јавноста беше пренесено, на одредено време - додека не се најде поволно решение за рентабилна цна на електричната енергија. Кога, пак, такво решение се најде со домашна струја од ноќни вишоци, газдите повикаа дел од вработените да се вратат на работа и една печка почна да работи, но с# уште не го запираат спроведувањето на Програмата за технолошки вишок.
Според Дракче Димковски, претседател на Синдикалната организација, во моментот се вратени на работа околу 450 вработени. Но, веќе се појави сериозен проблем и околу врачените отказни решенија и околу идниот работен статус односно договори за вработување на ангажираните работници. Синдикатот е упорен и упати апел до сите вработени да не потпишуваат договори за вработување на одредено време, како што понудија сопствениците. Имено, тоа ќе значи дека после три месеци, за колку се нуди вработување, доколку не се продолжи, тие немаат право на никаква отпремнина! Додека околу врачените откази кои се третираат како раскинување на договори поради технолошки вишок, отказниот рок веќе истекува и токму затоа им се нудат под голем притисок од страна на директорите нови договори. Вакви откази добија 502 вработени и за нив треба да се почитуваат одредбите од минатогодишниот потпишан колективен договор - да им се исплати на сите отпремнина како што следува бидејќи не беа на работа три месеци и не примаа никаков надоместок.
Синдикатот постојано е меѓу членството и ги спречива сите обиди за притисоци, па дури и нуди компромисни решенија. Состојбата е напната, но Синдикатот упорно работи да се најде поволно решение за вработените.


“ЕМО” - Охрид 

Загубарот, кој ни по три распишани тендери за продажба не најде купец, за најголем дел од вработените е “ноќна мора”. Особено за синдикалното членство на СИЕР. Речиси сите претседатели на синдикалните организации се испратени на принуден одмор, што е незаконски и има реакции од инспекторите за труд кои воопшто не се почитуваат. Оттаму, сите што се на принуден одмор се со статус на вработени без никакви права - ниту примаат плати, ниту им се плаќаат придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Сите прашања за тоа што понатаму со нив, остануваат без одговор од директорите.
Во исто време, се регистрираат нови друштва со ограничена одговорност, како двојници на дел од постојните во кои се вработуваат нови работници! Дури и на истите работни места од кои старовработените се пратени на принуден одмор. Но, кога Синдикатот ќе повика инспектор на труд тоа да го утврди, му се покажуваат решенија дека на истото столче и истото биро седи нов човек, но вработен во друго, ново друштво! Ниту еден инспектор не навлегува понатаму во тоа кое е и кога е регистрирано друштвото.
Синдикатот, според Драган Молкоски, претседател на Синдикалната конференција во “ЕМО” упорно укажува на неправилностите, но за сега нема реакции од надлежните институции.

 

“Арцелор Митал” ХРМ - Валалница за ленти - Скопје

 Во ова друштво дојде до смена на синдикалното раководтсво со вонредни избори иницирани од дел од членовите. Избрано е ново раководство со што Претседателството на СИЕР ги оцени како регуларни. Претседател на Синдикалната организација на “Арцелор-Митал” ХРМ е Валентин Кршинар.


Сиер инфо

Трошоци за живот