СИНДИКАТОТ СИЕР ТЕ ПОВИКУВА !
АКО НЕ ИЗЛЕЗЕМЕ СЕГА, КОГА !?
ЗА ТВОЈАТА ПЛАТА !
На 28 Април се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа за заштита на работниците од болести, заболувања и повреди кои произлегуваат од работата, како и превземање на потребните дејства за понатамошно намалување и спречување на повреди, заболувања и смртни случаи поврзани со работното место.
Одбележувањето на овој ден има за цел да ја подигнување свеста на работодавачите, работниците и на Владата за согледување на големината на проблемот и создавање на посигурни, побезбедни и поздрави услови за работа. Улогата на сите три страни е од еднакво значење за намалување на ризиците при работа, намалување на повредите односно несреќите како и смртноста на работниците. Постоењето на социјален дијалог, преку преговори, консултации меѓу претставниците на трите страни е неопходен механизам во создавање на: безбедна и здрава работна средина од страна на работодавачите, превземање на лична одговорност за почитување на пропишаните мерки за безбедност на работното место од страна на работниците и почесто контролирање на претпријатијата во однос на спроведување на поставените стандарди за труд и следење на нивно спроведување од страна на владата.
НА СИТЕ СВОИ ЧЛЕНОВИ, СОРАБОТНИЦИ И СИТЕ ОСТАНАТИ ГРАЃАНИ ХРИСТИЈАНИ СИЕР ИМ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН СО ЖЕЛБА ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ И ЛИЧНА СРЕЌА
Изминатиот викенд 15-17.04.2022 год. во Хотел Пела, Охрид, Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР во соработка со Olof Palme International Center од Шведска, одржа семинар на тема - Материјално финансиско работење.
Предавачи на семинарот беа Биљана Властимирова од ТИА-М Консалтинг ДООЕЛ, овластен книговодител во СИЕР и Маја Бошковска Секретар на Советот на СИЕР- правник. Беа објаснети законските прописи, норми и правила врзани за материјалното работење на СИЕР и на синдикалните организации.
На семинарот учество зедоа претседателите на Синдикалните организации, членки на СИЕР. Семинарот наиде на голем интерес кај учесниците.
На сите свој членови, деловни пријатели, соработници и сите граѓани од католичка вероисповед СИЕР им го честита големиот празник Христово Воскрсение - Велигден со желба за многу здравје, берикет и лична среќа!
Вчера, 13.04.2022 год. претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов и претседателот на ССМ Дарко Димовски беа во посета на Рудник САСА, Македонска Каменица.
Во кругот на Рудник САСА претседателите остварија блиска средба со вработените во Рудник САСА и ги сослушаа нивните проблеми, барања и потреби во секојдневното работење, најчесто поврзани со нивната безбедност со оглед на ризикот на кој се изложени. Исто така ги информираа своите членови дека во план е во најскоро време, со раководството на рудникот, да започнат преговори за потпишување на Колективен договор на ниво на работодавач, со кој би се регулирале правата и обврските на работниците.
Голема благодарност до рударите и СРЕЌНО!