СИЕР ја продолжува долгогодишната соработка со еден од најголемите синдикати во Данска – 3Ф, а особено со секцијата наречена Глобални Колеги, составена од синдикални претставници со големо практично искуство, преку одржување на заеднички проекти и семинари.
По повод меѓународниот ден на жената 8-ми Март СИЕР на сите свој членки, соработнички и сите останати жени им го честита меѓународниот ден на жената 8-ми Март и им посакува се најубаво.
Претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов деновиве беше во посета на Фабриката за електронски производи наменети за авионската, воената и автомобилската индустрија КЕМЕТ Електроникс во зона Бунарџик Скопје при што во истата е основана нова синдикална организација на СИЕР.
СИЕР НА СИТЕ СВОИ ЧЛЕНОВИ, ПРИЈАТЕЛИ И ПОДДРЖУВАЧИ ИМ ПОСАКУВА СРЕН И БЛАГОСЛОВЕН БОЖИЌ, ДОБРО ЗДРАВЈЕ, ПОВЕЌЕ РАДОСТИ И ПОМАЛКУ ГРИЖИ ДА СЕ РЕДАТ.
СИЕР НА СИТЕ СВОИ ЧЛЕНОВИ, ПРИЈАТЕЛИ И ПОДДРЖУВАЧИ ИМ ПОСАКУВА СРЕЌНА И УСПЕШНА 2020 ГОДИНА, ДОБРО ЗДРАВЈЕ, ПОВЕЌЕ РАДОСТИ И ПОМАЛКУ ГРИЖИ ДА СЕ РЕДАТ.
Воедно ве известуваме дека канцеларијата на СИЕР нема да работи во деновите на празниците, од 1. До 7.Јануари 2020. За итни потреби можете да се јавите на телефон 070/288-565 или 707/363-384
Советот на СИЕР ја одржа деветтата седница на 26.12.2019 година. На дневен ред беа активностите од вонредниот конгрес натаму и актуелните прашања и проблеми во синдикалните организации.
Претседателот Игор Ѓерасов го информираше Советот за преземените активности од неговиот избор. Тој нагласи дека сака да ги посети сите синдикални организации и да се запознае со синдикалните одбори и проблемите со кои се соочуваат. Оваа активност е започната и ќе продолжи во следната година. Исто така, се остварени први контакти со поединечни фабрики во Технолошко-индустриските развојни зони, бидејќи СИЕР мора да покаже иницијатива и да започне да организира дел од вработените.
Генералниот секретар Маре Анчева го информираше Советот за добиен проект од шведската фондација Олоф Палме кој ќе се реализира во 2020 година. Освен за содржината на проектот, таа информираше дека Олоф Палме е фондација која би можела подолгорочно да соработува со СИЕР доколку успешно го спроведуваме првиот проект што е усвоен и за кој се чека потпишување договор.
Членовите на Советот ги поздравија изнесените иницијативи и изразија спремност да се вклучат поактивно во посочените активности, како во врска со организирање нови членови, така и во врска со спроведување на проектот.
По работниот дел, членовите на Советот си посакаа меѓусебно и на сите членови на СИЕР добро здравје, повисоки плати и помалку проблеми во Новата 2020 година.