Во пресрет на празникот на рударите 28 Август би сакале да потсетиме дека здравјето и животот на човекот се највреното нешто и дека најмалото невнимание и неоговорноста може да бидат скапо платени.
Затоа упатуваме јавен апел до сите рудари и работодавачи, почитувајте ги законите, правилата за подобра безбедност и заштита при работа. Едуцирањето на претставниците по БЗР е една алка кон навремено превземање на мерки за подобрување на безбедноста во рудниците со цел да се елиминираат несреќите кои би имале последици по здравјето и животот на рударите.
СИЕР на сите рудари им го честита 28 Август денот на рударите, воедно на сите свои членови, деловни соработници, и на сите граѓани им го честита големиот празник Успение на Пресвета Богородица со желба за многу здравје среќа и успеси во работата и животот.
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР, во почетокот на 2020 год. склучи Договор (76306W) за заеднички проект со Olof Palme International Center од Шведска. Називот на проектот е Повеќе активности=посилен синдикат.
Поради ситуацијата со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, во која се најде целиот свет, проектот почна да се спроведува минатиот месец со одржување на два семинара во хотел Десарет, Охрид, посветени на превземање на мерки за заштита и справување со КОВИД 19, согласно препораките на Владата и правилата на Законот по БЗР. Семинарите се одржаа во соработка со Меѓународното здружение за заштита при работа од Скопје.
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР им го честита 1.МАЈ- Меѓународниот ден на трудот, посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците, на своите членови како и на сите граѓани на Република Северна Македонија.
СИЕР од самиот почеток на своето постоење се залага за економски и социјален напредок во сите сфери, кој ќе овозможи подобрување на социјално-економската положба на работниците,одржување на сигурни работни места со повисоки плати, максимално залагање за повисока минимална плата, заложување за безбедни услови за работа, зема учество во борбата против мобингот и дискриминација на работните места, се залага за унапедување на социјалниот дијалог се со една заедничка цел за остварување на правата на работниците.
Но денес, во услови на светска пандемија на COVID 19 , во време на полициски часови, карантини, отежнати услови на работа, сите ние зедно се наоѓаме пред нови искушенија, предизвици, во едни за нас, чудни услови за живеење и работење, соочувајќи се со стравот од непознатото. Оваа битка може да биде кратка но последиците од неа ќе бидат непроценливи. Затоа, сега, сите ние , треба да сме заедно и со заедничи напори и сили да го издржиме ова време во исчекување на ново утре. Затоа чувајте се, пазете се , бидете храбри и запазете го доброто расположение.
СИЕР ви посакува да останете во добро здравје.
НА СИТЕ СВОЈ ЧЛЕНОВИ, СОРАБОТНИЦИ И СИТЕ ОСТАНАТИ ГРАЃАНИ ХРИСТИЈАНИ СИЕР ИМ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ ВЕЛИГДЕН СО ЖЕЛБА ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ И ЛИЧНА СРЕЌА
СИЕР се придружи на синдикатите кои се обратија до Владата со барања во врска со положбата и проблемите на работниците кои се jавуваат како последица на ефектите на светската пандемија и борбата со неа.
Незадоволни од непостоењето интерес кај Владата да ги слушне мислењата и барањата на синдикатите ниту да ги вклучи во советодавното економско тело, во кое се доминантни работодавачите, синдикатите се одлучија на ваков начин да ги изразат своите стваови и барања. Синдикатите се најзагрижени за зачувување на работните места, давање на приоритет на исплатата на платите, да не се дозволи најголемата жртва од кризата да падне на грбот на работникот, да не се дозволи да се намалуваат платите под износот на минималната, како и да се обезбеди заштита и примања за сите што ќе останат без работа. Целиот текст на барањата може да го прочитате ТУКА
СИЕР апелира и до работодавачите кои во овој период можат да се соочат со различни проблеми, особено поради преливање на кризата од нивните традиционални пазари и запирање на нарачките, да продолжиме заедно да бараме најдобри решенија низ социјален дијалог и со заеднишки договор и разбирање.