Осмите Работнички спортски игри СИЕР 2018 успешно завршија
Оваа година осми пат по ред СИЕР организираше работнички спортски игри за своите членови. Игрите се одржаа од 17-20.05.2018 година, на терените на спортскиот комплекс на Хотел Бистра во Маврово.


Иако во периодов се соочуваме со големи проблеми во одделни фирми, благодарение на органите на СИЕР, стручните служби на СИЕР, и со максимално залагање на Комисијата за организирање и спроведување на игрите, и оваа година се успеа да се организираат квалитетни работнички спортски игри.


Оваа година свое учество зедоа околу 200 учесника, од 11 синдикални организации и тоа:
1. АРЦЕЛОР МИТТАЛ – Скопје
2. МАКСТИЛ – Скопје
3. МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ – Прилеп
4. РК КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ – Скопје
5. ВАБТЕК МЗТ – Скопје
6. МРТ – Скопје
7. БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП – Скопје
8. ЛТХ ЛЕАРНИЦА – Охрид
9. ТАБ МАК – Пробиштип
10. РАФИНЕРИЈА ОКТА – Миладиновци
11. ЈУГОХРОМ АЛЗАР – Јегуновце


Беа организирани натпревари во 10 спортски дисциплини, и тоа:
- МАЛ ФУДБАЛ
- ШАХ (мажи и жени)
- ПИНГ ПОНГ (мажи и жени)
- ПИКАДО (жени)
- КОШАРКА - СЛОБОДНИ ФРЛАЊА И ТРОЈКИ (мажи и жени)
- ВЛЕЧЕЊЕ ЈАЖЕ (мажи и жени)


За регуларноста на натпреварите за секоја дисциплина одделно се грижеше Комисија која беше
составена од Координатор - член на Комисијата за организирање и спроведување на игрите, како
и уште два члена предложени од екипите учеснички на турнирот.
Натпреварите поминаа во фер и спортска атмосвера, а постигнатите резултати може да ги видите
тука.

Придружи ни се

Капитал Банка