Третатат седница на Претседателството на СИЕР се одржа на 31.03.2017 година во салата за обуки на АрцелорМиттал во Скопје.

Во отсуство на претседателот на СИЕР, со седницата раководеше генералниот секретар.

Претседателството на СИЕР ги разгледа нацрт-извештаите за 2017 година во функција на подготовка за седница на Советот на СИЕР. Согласно Статутот на СИЕР, Претседателството е одговорно за подготовка на седниците на Советот, почнувајќи од дневниот ред, утврдување на материјалите и слично.

 

Исто така, Претседателството расправаше за текот на постапките и правната разврска на исклучувањето од членството во ССМ и исфрлањето од работните простории. Имено, иако со многу одолговлекување, судките постапки во врска со наведените нестатутарни и незаконски постапки во ССМ се започнати и се одвиваат со бавна, но вообичаена динамика за нашето судство.

Претседателството расправаше и за одбележување на празникот на трудот 1.Мај, како и за организацијата на овогодинашните Работнички спортски игри.

Седницата на Советот на СИЕР е најавена веднаш по Велигденските празници.

Придружи ни се

Капитал Банка