На ден 12.10.2017, по барање на Синдикатот, се одржа работна средба со потпретседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, г-дин Кочо Анѓушев. На средбата беа претседателот на СИЕР Пецо Ристески, генералниот секретар Маре Анчева,  претседателот на СО Ѓоре Палитов и членовите на СО Блаже Стојанов, Блаже Андонов, Миле Ѓорѓиев и Саше Симонов.

На средбата потпретседателот Анѓушев во отворен разговор ги запозна синдикалните претставници со ситуацијата околу ФЕНИ Индустри и напорите што ги вложува Владата за што побрзо враќање на условите за нормално работење.

 

Тој нагласи дека позицијата на Владата е да не дозволи никакви манипулации со комбинатот, ниту изигрување на работниците и доверителите. Поради тоа, од почетокот на блокадите Владата е во комуникација со претставниците на КУНИКО и врши притисок тие или да ги намират обврските, или да ги продадат уделите на квалитетен инвеститор. Преговорите вродиле со плод, така што КУНИКО е согласен да ги отстапи уделите на инвеститор кој ќе го прифати ФЕНИ Инустри со сите обврски. Се чека завршување на административните процедури за спроведување такви трансакции и истовремено се разговара со потенцијални инвеститори. До моментов се јавиле најмалку три заинтересирани инвеститори. Од Владата очекуваат дека сите процедури треба да завршат во од десетина дена и немаат никакви сомневања дека исходот за комбинатот ќе биде позитивен.

Во врска со платата за септември, добивме информација дека истата се очекува да биде исплатена следната недела.

На крајот на средбата потпретседателот на Владата замоли за воздржување од какви било радикални активности бидејќи на таков начин може само да се влоши или искомпликува сегашната состојба.

На покана на синдикалците, потпретседателот Анѓушев изрази спремност да дојде во ФЕНИ Индустри и да се сретне лично со работниците, што исто така се очекува во текот на наредната недела.

Придружи ни се

Капитал Банка