Традицијата започна со семинар во Скопје, во 2010 година, по иницијатива од СИЕР и со заедничка поддршка од каталонската фондација ПАУ и Солидаритат и германската Фридрих Еберт. Целта беше да се анимираат жените во металските синдикати, за поголема застапеност во органите и поголема активност низ секциите на жени во синдикатите воопшто. Потоа, наредната година во Сараево се потпиша декларација за формирање на Мрежа на секции на жени во ЈИЕ, која продолжи да ја добива поддршката од ФЕС во наредните години, преку семинарите во Подгорица (2012), Софија (2013) и Љубљана (2014). Оваа година, семинарот се одржа на Фрушка Гора (Србија) во местото Андревље на 18. и 19. Октомври. Темата беше: Заштитните механизми во националните законодавства од областа на работните односи, безбедност и здравје при работа и социјална заштита за жените-работнички во индустриите со доминантна машка работна сила. Главни излагачи во врска со темата беа Маја Гојковиќ (Инспекторат за труд Србија) Весна Млинариќ (СМХ –Хрватска) и Маре Анчева (СИЕР-Македонија).  Учесничките на семинарот беа од синдикатите од металските индустрии на Србија, Македонија, Хрватска, Косово и Црна Гора. За жал, спречени беа да учествуваат поканетите претставнички од Словенија, Босна и Херцеговина и  Бугарија. Сите учеснички, покрај по темите, имаа прилика за меѓусебно запознавање и размена на искуства од својата работа и активности во секциите на жени. Фондацијата Фридрих Еберт изрази спремност да продолжи со поддршка на активностите на Мрежата на секции на жени од регионот и во иднина.

 

Придружи ни се

Капитал Банка