На 20.септември во хотел Метропол во Охрид се одржа 16.Конгрес на СИЕР.

На конгресот присуствуваа 95 делегати од синдикалните организации на СИЕР, како и домашни и странски гости.

Конгресот го поздравија: министерката за труд и социјална политика Фросина Ташева Ременски; помошничката на генералниот секретар на IndustriALL-Global Union Моника Кемперле; претседателката на Синдикатот на метална и електроиндустрија на Словенија Лидија Јеркич; претседателот на синдикатот Металици од Бугарија Васил Јаначков и претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров. 

Во работниот дел, делегатите на Конгресот расправаа за конгресните документи и усвоија: Извештај за работата на СИЕР и неговите органи и тела, како и Извештај за финансиското работење во претходниот петгодишен период; Програма за работа во наредниот петгодишен период; Измени и дополнувања на Статутот на СИЕР и усвоија 5 резолуции (сите видливи во делот ДОКУМЕНТИ на овој сајт). 

 Делегатите повторно го избраа Пецо Ристески за претседател на СИЕР и Маре Анчева за генерален секретар на СИЕР. Избрани се Претседателство на СИЕР, Надзорен одбор и Статутарна комисија на СИЕР (во состави објавени во делот ОРГАНИ на овој сајт).

Придружи ни се

Капитал Банка