На 11.ноември свечено беше потпишан Колективниот договор на Друштвото за производство на производи со посебна намена 11.Октомври Еурокомпозит Прилеп. Овој колективен договор беше долго време усогласуван меѓу синдикатот и работодавачот, пред сé поради нестабилните услови за работа, нередовните плати и многу напластени проблеми во подолг период на време.
Ваквата состојба ги отежнуваше преговорите, бидејќи е тешко да се договараат одредби во колективен договор кои би важеле во нормално опкружување, ако истото е подолго вон рамките на нормалното.


Еурокомпозит беше на списокот на последните „загубари„. Придонесите се затворени заклучно со јуни 2012 година, со преземање од страна на државата. Поради неплаќање на придонесите работниците долго време беа без здравствено осигурување, што создаваше големи проблеми. Сепак, двете страни смогнаа сили да ги регулираат меѓусебните права и обврски, откако се реши проблемот на здравствено осигурување на работниците со премостување, обезбеденоста со работа се стабилизираше, а нето-платите станаа редовни.

               
Раководствот е оптимистички расположено во поглед на обезбеденоста со работа и редовноста на платите. Се изготвува нова систематизација, а со потпишувањето на колективниот догвор сите очекуваат подобри денови во Еурокомпозит Прилеп.

Придружи ни се

Капитал Банка