На 17.06.2022 год. во Истанбул се одржа 53. Централен комитет на Меѓународната Евроазиска Федерација на металските работници, каде присуствуваа и претставници од СИЕР: претседателот Игор Ѓерасов и советникот Маре Анчева.
Во соработка со шведскиот Меѓународен Центар Улоф Палме, со кој СИЕР веќе трета година остварува соработка, во рамки на проектот ПОАКТИВЕН СИНДИКАТ=ПОМОЌЕН СИНДИКАТ, СИЕР организираше конференција насловена Иницирање проактивност на жените вработени во индустријата. Конференцијата се одржа во Хотел Пела, Охрид во периодот 02-04.06.2022 год.

Повеќе: Семинар на Данскиот синдикат 3Ф Глобални колеги и СИЕР
Претставници од ПРО-ГЕ синдикатот од Австрија во периодот 22-27.05.2022 год. беа во посета на СИЕР и на неколку синдикални организации на СИЕР низ Македонија.Ги посетија просториите на СИЕР во Скопје, каде беа пречекани од страна на претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов и советникот Маре Анчева.
Линеарно зголемување на платите веднаш за најмалку 2 806 денари и потпишување Општ колективен договор во јавниот и приватниот сектор но и враќањето на изгубеното право на К-15, се клучните барања на Сојузот на Синдикатите кој до Владата беа доставени од денешниот Првомајски протест.