Во организација на Европската синдикална федерација ИНДУСТРИОЛ во Братислава се одржа Транснационална конференција под мотото „Заедно сме посилни„. Учествуваа претставници на синдикатите –членки на федерацијата од  западноевропските и од регионот. Од Македонија беа присутни СИЕР и СТКЧ.

Конференцијата беше организирана за да се претстават искуствата во организирање нови членови и да се оствари директна соработка меѓу синдикатите од домицилните земји и земјите каде инвестираат мултинационалните компании. За таа цел ИГ Метал веќе отпочнал т.н. Транснационална партнерска иницијатива –ТПИ со помош на која во Унгарија се организирани работниците кои работат во фабриките на Ауди и Мерцедес, на пример.

Меѓународните синдикални федерации ја имаат сериозно сватено потребата од помош на синдикатите во ЈИЕ за организирање на нови членови, за што нудат помош и соработка. Соработката најдобро ќе се остварува директно меѓу синдикатите од земјите од каде доаѓаат инвеститорите и СИЕР, односно другите синдикати од ЈИЕ. Но, за тоа мора да постои заинтересираност и иницијатива од наша страна.

СИЕР секако ќе ја искористи оваа можност и веќе се направени првичните контакти со синдикати од Белгија и Германија. Јасно е дека во глобализацијата капиталот постојано се сели, барајќи подобри погодности и наметнувајќи субстандардна и несигурна работа, ниски плати и т.н. Затоа трудовите стандарди мора да се доближуваат колку што е можно повеќе кон оние од повисокоразвиените земји, што е примарен интерес на работниците и заради што се основаат меѓународните синдикани асоцијации. На глобализирањето на капиталот мора да се одговори со глобализација на трудот и трудовите стандарди.

СИЕР, кој во програмата за работа секогаш давал приоритет на прашањето за организирање на работниците, има особен интерес да направи заеднички акциски планови за организирање со синдикатите од Западна Европа. За остварување на тие планови ветена е конкретна помош како во процесот на подготовка (тренинг на организатори, планирање конкретни активности) така и во спроведувањето на планираното.