Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР, го одржа својот редовен 17.Конгрес на 02.10.2021 година во Хотелот Десарет во Охрид.

            На конгресот присуствуваа 88 делегати од сите синдикални организации во составот на СИЕР, како и гости од земјата- претседателот на ССМ Дарко Димовски, секретарот на ССМ Златко Цветковски, претседателот на Синикатот на хемија, неметали и метали, Зоран Мироновски, претседателот на Македонски полициски синдикат, Марјан Кицев  како и гостите од странство наши долгогодишни соработници –Данскиот синдикат 3Ф, Синдикатот ПРО-ГЕ од Австрија, Бугарскиот синдикат Металици, , нашите патнери во проет Улоф Палме, како и ведео обраќање на секретарот на Индустри-Олл..

            На конгресот како највисок орган на СИЕР кој се одржува на секои 5 год., се врши избор на претседател, членови на Совет, членови на Претседателство, членови на Статутарната комисија како и на Надзорниот одбор. Исто така врши измени и дополнувања на Статутот на СИЕР , расправа и за други прашања кои се од значење за СИЕР.

 17. Конгрес на СИЕР избра/реизбра претседател на СИЕР- Игор Ѓерасов.