Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР, во соработка со Олоф Палме Центарот, а во рамки на проектот Поактивен синдикат = помоќен синдикат организираше конференција на тема   Закон  за  работни односи – усогласеност со директивите на ЕУ. Целата на конференцијата беше преку презентација на концепцијата за новиот ЗРО, коментар на дел од директивите на ЕУ и начинот на нивно транспонирање во нашиот закон да ги запознаеме членовите на СИЕР со текот на усогласувањето и содржината на законот кој е во подготовка. Конференцијата се одржи на 01.10.2021 година во Хотелот Десарет во Охрид.

            На конференцијата присуствуваа членови на СИЕР и гости од земјата и странство. Предавач на конференцијата беше Слободан Трендафилов од ССМ,  кој на најсоодветен начин го објасни Законот за работни односи и  процесот на усогласување со директивите на ЕУ, како и транспонирање на директивите во врска со работното време и европскиот работнички совет во нашиот закон.