Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР го прошири своето семејство со уште една нова синдикална организација – Синдикална организација при Боров Дол, Радовиш. СИЕР ќе се залага новата синдикална организација, како и за сите свои членки, да ги остварат, унапредат и заштитат своите економски, социјални, поединечни и колективни права. Еднакви шанси за сите, рамноправност и подобрување на условите за живот и работа.

 

Со секое ново зачленување стануваме посилни, бидејќи секој синдикат е онолку јак колку што членови стојат зад него и неговите барања. Ние сме организација, здружение на луѓе кои се обединуват, здружуваат во борбата за остварување на своите права и верувања. За подобра и посветла иднина.