Работниот однос помеѓу работниците и работодавачите се уредува согласно Законот за работни односи, колективен договор и договор за вработување. Правото на регресот за годишен одмор, како право на работниците, е предвиден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

            Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството предвидува право на надомест  на трошоци на работниците поврзани со работењето. Во член 35 , став 1, алинеја 7 од ОКД предвидено е правото на регрес на годишен одмор (К-15).

 

            Според ОКД, услов за остварување на право на регрес за годишен одмор е работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. Регресот се исплатува еднаш во текот на годината, а исплатата е задолжителна за работодавачите.

            Работникот има право на надомест на трошоци по основ на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата (основицата претставува просечна месечна нето плата по работник во Република Македонија, исплатена во последните три месеци).

            Во ОКД предвиден е исклучок од правилото за исплаќање на регрес за годишен одмор, кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето. Овие работодавачи можат да исплатат регрес за годишен одмор помал од загарантираниот минимум од 40%, согласно Спогодбата за изменување и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството (Службен весник на Република Македонија бр.119/2015), по задолжителна консултација со синдикатот на ниво на гранка, односно оддел. Со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во износ помал од износот утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството.

            Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците.

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

 

 

Наша Фејзбук Страница

Корисни Информации

 

ССМ Мобилна апликација

Престојни настани