Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР, во почетокот на 2020 год. склучи Договор (76306W) за заеднички проект со Olof Palme International Center од Шведска. Називот на проектот е Повеќе активности=посилен синдикат.

Поради ситуацијата со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, во која се најде целиот свет, проектот почна да се спроведува минатиот месец со одржување на два семинара во хотел Десарет, Охрид, посветени на превземање на мерки за заштита и справување со КОВИД 19, согласно препораките на Владата и правилата на Законот по БЗР. Семинарите се одржаа во соработка со Меѓународното здружение за заштита при работа од Скопје.

 Учесниците на семинарите, од страна на прекрасните предавачи од МЗЗПР, Претседателот на здружението г-дин Милан Петковски и г-ѓа Снежана Ј. Петковска, беа запознаени со мерките за заштита кои треба да ги превземат работниците иработодавачите за превенција и спречување на ширење на зараза од COVID-19. Детално беше презентиран системот за управување со БЗР како и улогата на претставникот на работниците по БЗР и алатките за ефективно делување на претставникот по БЗР во спроведувањето на системот за управување со безбедност и здравје при работа. На семинарот беше демонстриран начинот на кој претставниците по БЗР ќе можат да извршат идентификација на клучните недостатоци поврзани со БЗР и нивна приоритизација.


Семинарите претставуваа прекрасна интерактивна сцена, со обостарано учество на предавачите и учесниците, од каде и едните и другите си заминаа побогати со информации и желба за повторна средба и размена на искуства од имплементирање на мерките за заштита на работното место.


За овој проект , согласно Договорот со Олоф Палме од Шведска, предвиден е уште еден семинар, за кој се надеваме дека ќе биде исто така успешен како и претходните два.