Претседателството на СИЕР ја одржа дванаесеттата седница на 21.06.2019 година. Главна точка на седницата беше расправата за условите под кои ќе се свикува вонреден конгрес на СИЕР наесен.

Имено, претседателот на СИЕР на последница седница на Советот на СИЕР најави дека ќе престане да ја обавува функцијата поради пензионирање, поради што е потребано да се свика вонреден конгрес, согласно Статутот.

Со оглед дека е започната постапка за измени на Статутот, предложено е истата да заврши со усвојување на измените на вонредниот конгрес. Ова од причина што Советот има мандат да прави измени до 1/3 од содржината на Статутот, а со оглед дека ќе се одржува вонреден конгрес, тоа а подобра прилика да се направат саканите измени без ограничување.

Вонреден конгрес Треба да закаже Советот на СИЕР најмалку два месеци пред неговото одржување. Затоа Претседателството заклучи дека во втората половина на август ќе се свика Советот на СИЕР и ќе ги донесе потребните одлуки во врска со местото и датумот за одржување на конгресот, како и за бројот и структурата на делегатите, со оглед дека според Статутот се можни две алтернативи: вонредниот конгрес да се одржи со истите делегати како последниот редовен, или пак со нова структура на делегати, согласно бројот на членови и уплатена членарина во последните три години. До закажување на седницата на Советот службата на СИЕР е задолжена да изготви симулација за бројот и структурата на делегати според двете алтернативи.

Во меѓувреме, и Статутарната комисија во проширен состав (со членови од Претседателството) ќе ги утврди нацрт-измените на Статутот на СИЕР.

Со оглед дека и проектот под наслов Со стратешки пристап до подобра безбедност и здравје при работа треба да се спроведе до крајот на август, а треба и да се подготвува конгресот, ова лето ќе биде работно во редовите на СИЕР.