СИЕР аплицираше за проект под наслов: Со стратешки пристап до подобра безбедност и здравје при работа. Проектот беше позитивно оценет и одобрен од Македонското здружение за заштита при работа и се спроведува во првите осум месеци од оваа година.
Главна цел на проектот е изградба на систем за управување, подигање на нивото на влијание и подобрување на капацитетите на СИЕР за успешно справување со проблемите во безбедноста и здравјето при работа.
Специфична цел на проектот е уредување на внатрешен систем на мерки, нормативи и стандарди на СИЕР за подобро следење на безбедноста и здравјето при работа. Тоа би требало да води кон остварување на следните резултати:
1. Зголемување на компетентноста, ефикасноста и подобрување на управувањето со прашања од областа на БЗР.
2. Поставување на систем на политики и процеси на организацијата за стратешко покривање на областа БЗР
3. Создавање датотека на податоци за синдикалните организации. Со цел успешно спроведување на проектот Претседателството на СИЕР формира работна група-комисија која треба да помине специјална обука – тренинг и е одговорна за спроведување на сите активности во проектот.
Како активности во проектот предвидени се образовни активности (семинари), дефинирање на интерни правила и процедури, изработка на прирачник за сендикалните и претставниците на работниците по БЗР,
изготвување на унифициран предлог за содржина на колективен договор – поглавје по БЗР, посета на сите синдикални организации и изготвување на дата база со податоци за состојбата во секоја од нив.
Од планираните обуки, одржан е првиот семинар во периодот 09-11.03.2019год. Обуката ја спроведуваа висококвалификувани и лиценцирани стручни лица по БЗР, како и искусни претставници по БЗР од синдикатот 3Ф од Данска. Со тоа, претставниците на СИЕР не само што се здобија со теоретски знаења во врска со регулативата по БЗР, туку имаа можност низ практични вежби да видат како регулативата се применува во пракса и да разменуваат искуства со колегите од Данска добивајќи информации како тие практично ја обавуваат својата работа.
Следниот семинар ќе биде одржан до крајот на овој месец, по што ќе се премине кон подготовка на другите документи и исполнивање на останатите предвидени активности во проектот.