На денот на трудот 1-ви  Мај како и секоја година така и оваа СИЕР  активно учествуваше на Синдикален марш на ССМ под мотото „ССМ ГЛАСОТ НА РАБОТНИЦИТЕ - НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОДЛУЧУВА ЗА НАС, БЕЗ НАС!“ и во целост го подржа Првомајскиот Проглас 2019 и барањата напишани во него

 

По завршувањето на Синдикалниот марш, дел од раководството на ССМ се упати во Владата на Република Северна Македонија каде што беше доставен Првомајскиот проглас со барањата од ССМ, а потоа и учествуваше на седница на Екомомско- социјалниот cовет.