За работниците од фабриката за наменско производство Еурокомпозит 11.Октомври никако да дојдат подобри денови. Тие од вчера се повторно во штрајк. За редовна исплата на плати и обезбеденост со работа не помогна ни поставувањето на нов раководен тим.

Имено, работниците по повеќе штрајкови, протести низ улиците на Прилеп, на 1.мај останаа да кампуваат пред зградата на Владата на РМ. Добија уште еднаш уверување од премиерот дека проблемите се на добар пат да се решат, има заинтересирани инвеститори и треба да се издржи уште некој месец до конечно решение. Владата вети дека платите во тој период редовно ќе се исплаќаат.

Но денес работниците мораат по којзнае кој пат да се борат за својата гола егзистенција преку штрајкови протести. Не им е обезбедена работа и не добиваат плата.

Нивното последно обраќање до највисоките државни раководители може да го видите тука.